Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Македонска медиумска асоцијација на приватни национални телевизии.

Претставниците на петте македонски национални телевизии ги пренесоа аргументите, фактите и ставовите на нивните медиуми во однос на постапката започната во Собранието за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Претставниците на националните телевизии укажаа дека предложените измени за нив се целосно прифатливи и очекуваат истите да бидат усвоени од страна на македонското собрание.

Пендаровски во текот на вчерашниот дел на истата тема имаше информативна средба и со претставниците на телекомските оператори на која беше запознат и со нивните ставови.