ФИЛМ+РАЗГОВОР СО ИВАН ИВАНОВСКИ

ФИЛМ+: Во одбележување на јубилејот – 50 години анимиран филм – решивте акцентот да го ставите на т.н. „златно време“ на анимираниот филм во нашата земја, бидејќи тука се темелите и најголемите дострели во анимираниот филм на кои се надградуваме и денес. Каков беше вашиот приод и што ви беше најважно во истражувањето?

Иван Ивановски: Ставивме фокус на авторите што твореле во периодот од 1971 – 1991г., а кои беа неправедно заборавени, со цел надминување на јазот во традицијата и давање историски контекст на македонската анимација во целост. На отворањето го прикажавме првиот македонски анимиран филм „Ембрио № M“ на Петар Глигоровски, кој наиде на одличен прием кај публиката. Поставивме изложба на оригинални артефакти од создавањето на анимирани филмови на авторите од „златното доба“, составена од: фолии, сториборди, позадини, а имаше и одличен одѕив за дискусијата со професорот Мирослав Грчев, со кој разговаравме за предизвиците во изработката на анимиран филм во 1980-тите…

Целото интервју можете да го прочитате во викенд-изданието на ФИЛМ+, кое излегува со „Нова Македонија“