Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во Европската Унија на Република Македонија и Албанија.

– Сите држави, дури и оние, кои се скептични кон проширувањето, поддржаа европска перспектива за земјите од Западен Балкан, како еден од најголемите двигатели за реформите и демократизација во регионот, како и за безбедноста и стабилноста – рече Захариева.

Таа вели деке не може да биде сигурна дали ќе биде донесена одлуката за двете земји заедно.

– Решението е не подоцна од октомври Советот да се врати на дискусија на оваа тема и да се препорача да започнат преговорите – додаде Захариева.

Таа сепак подвлекува дека ќе биде историска грешка доколку сега не се започнат преговори и за двете земји.