Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштуваат дека на Автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу наплатна станица Сопот и Башино Село, денеска ќе се изведуваат градежни активности.

Поради тоа ќе биде затворена левата коловозна лента од 10:00 до 13:00 часот.

На самото место е поставена соодветна сигнализација за работа на пат.