Фото: Игор Бансколиев

Oткако официјална Анкара во петокот (28 февруари) соопшти дека повеќе нема да ги спречува мигрантите од Турција да се упатат кон Европа, во текот на изминатиот викенд состојбата со напливот на бегалци на границите на Турција, со Грција и со Бугарија ги врати сликите од 2015 и 2016 година. Меѓународната организација за миграции при Обединетите нации соопшти дека најмалку 13 илјади луѓе се собрале на турската граница со Грција. Во изјавата на Организацијата на ОН за миграција се вели дека најмалку 13.000 луѓе се собрале на официјалните гранични премини Пазаркуле и Ипсала, пренесе агенцијата АП. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пак, изјави дека 36.776 мигранти ја напуштиле земјата преку Едренe.

Грчките власти, кои најавија засилување на граничните контроли, соопштија дека спречиле речиси 10.000 обиди за нелегален влез во земјата. Грчките граничари користеле солзавец и шок-бомби против мигрантите на граничната линија кај селото Кастањес.

Македонскиот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, изјави дека земјава е подготвена за справување со евентуален наплив на бегалци од Сирија, но во координација со Фронтекс и со земјите-членки на ЕУ.