Министерот за инфраструктура на Косово, Паљ Лекај, денеска во близина на Качаник одблизу го следеше почетокот на асфалтирањето на мостот на автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува косовскиот главен град со Македонија, до границата кај Генерал Јанковиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Станува збор за мост во должина од околу 5,5 километри, кој е најголемиот таков градежен објект во регионот.

Според соопштението од косовското Министерство за инфраструктура, изведувачите на работите од компанијата „Бехтел-Енка“ го информираа министерот за текот и квалитетот на работите кои се изведуваат на овој автропат.

Менаџерот на проектот, Ријад Алказараји, го инофрмира Лекај дека динамичниот план се одвива според планираното и оти наскоро автопатот ќе биде целосно пуштен во употреба за граѓаните.