Фото: Игор Бансколиев

Доколку политичките субјекти во Парламентот успеат да се усогласат за законот за Јавно обвинителство, тој може да биде донесен до крајот на август, посочи собранискиот спикер Талат Џафери. Законот за Јавно обвинителство со кој СЈО треба да стане дел од јавното обвинителство за организиран криминал денеска помина на владината седница и влегува во собраниска процедура. 

– Законот може да биде донесен до крајот на август, а тоа зависи од согласноста и консензусот на политичките партии – изјави Џафери. 

Од власта и повторија оти се надеваат дека ќе проработи света кај сите пратеници и ќе се добијат мнозинство гласови за законот. Од СДСМ тврдат дека Русковска не е личен избор, туку логичен. Од ВМРО ДПМНЕ пак, не отстапуваат од барањето, дека Русковска не смее да го води новото обвинителство. Забелешки имаа и дел од опозиционите албански партии.

Новото СЈО според предлог законот ќе се преименува во Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, со надлежност на цела теритоија на Македонија и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција. Обвинителите од СЈО можат да продолжат со работење во новото обвинителство и по истекот на мандатот имаат право на реизбор доколку сакаат повторно да се кандидираат. ОСтанатиот персонал, архивата и сета опрема ќе бидат префрлени во новото обвинителство.