Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри што ќе го достави до Собранието во текот на денот. Според предлогот, тој најави дека министерот за финансии, Драган Тевдовски ќе биде сменет, а на негово место ќе биде лично Заев.

Тој објави дека сменет е и министерот за локална самоуправа, Схејл Фазлиу, а на негово место седнува Горан Милевски. На местото пак на досегашниот министер за екологија, Садула Дураку, ќе дојде Насер Нуредини. Хусни Исмаили ќе биде новиот министер за култура, а Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.
Советникот на поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски, Трајан Димковски ќе биде новиот министер за земјоделие.

Заев изјави дека се надева оти во текот на следната недела ќе биде ставен на дневен ред неговиот прелог. По реконструкција на Владата, премиерот најави дека ќе следуваат и промени во вториот и во третиот ешалон, со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.