Премиерот Зоран Заев ќе бара одговорност од функционерите доколку од страна на сите надлежни институции се докаже дека имало вмешаност или влијание при вработувања во државните институции.

Ова го најави денеска Заев, кој учествуваше на конференцијата „Институционални реформи за борба против корупција, најдобри практики движејќи се кон европскиот модел – Италијанскиот пример“

Заев ќе бара одговорност од функцкионери дококу ДКСК открие дека имало вмешаност или влијание при вработувањата.

– Ако Антикорупциска или која било друга институција покаже и докаже дека имало вмешаност, кршење на законот, судир на интереси ќе барам директна одговорност- изјави Заев.

На новинарско прашање зошто досега нема оставка од блиски роднини вработени во државни институции од коалиционите партнери, претседателот на Владата дециден дека пораката е упатена до сите.

– Оставам секој сам да си ја носи одлуката, своите чувства и одговорност, пред се етичкиот однос е многу важен. Затоа пораката ја испратив до сите- рече Заев, додавајќи оти фокусот мора да биде на еднаквоста на граѓаните пред институциите на системот.

Очекувам, потенцира, таму каде етичкото чувство не е исполнето да се повлечат чекори, но истовремено очекувам пред законот сите граѓани да имаат еднакви шанси.

– Ги поздравувам етичките одлуки на сите јавни функционери, без разлика дали се од извршната власт или од која било друга власт: собраниска, судска или локална, кои ќе преземат ваков чекор, затоа што не мора нешто да е кривично дело. Етичкиот однос, исто така, е важен постулат по кој треба да се водиме и да испраќаме пораки на примери што се неопходни за севкупниот развој во Република Северна Македонија- изјави премиерот Заев.