Владина делегација составена од премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе го посетат седиштето на НАТО и ќе одржат работна средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во рамки на работната агенда, со почеток во 16.20 часот, премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе одржат заедничка прес-конференција во прес-центарот на седиштето на НАТО во Брисел.