Фото: Маја Јаневска-Илиева

Немаме намера да се враќаме назад. Имаме намера секојпат правата коишто се добиени да ги гарантираме, но тие да бидат и практично применливи, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Правото на употребата на јазикот е убаво човеково право, треба да го негуваме, тоа не загрозува никакво друго право на кој било друг етникум или на кој било друг јазик, но ако тоа право загрозува друго право како што е правото на правда, тогаш сите треба и редно е да размислиме. Тоа го препорачува Венецијанската комисија. Така што, самите препораки треба да ги следиме, да ги имплементираме. Начините на имплементација ќе ги издоговориме со институциите – рече Заев во одгово на прашање на презентацијата на иницијативата на Македонско-бугарската и Бугарско-македонската стопанска комора за ново интерконективно гасно поврзување меѓу двете земји преку гасоводот Петрич – Струмица.