Фото: Маја Јаневска-Илиева

Промената на имињата на две основни училишта во Општина Чаир е спроведена низ незаконска постапка, смета претседателот на СДСМ Зоран Заев.
– Централниот регистар мора да ја коригира веднаш затоа што не постои одлука на Советот на Општина Чаир. Со записник на некојси училиштен одбор, надвор од законските прописи е спроведена одлуката и се доставени материјалите. Ги повикувам институциите да си постапат со закон – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Од друга страна, министерот за образование Арбр Адеми на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, напиша дека ги потпишал потребните акти за да се преименуваат двете училишта во Општина Чаир. Според записот од Централен регистар, кој го објави Адеми, училиштето „Никола Вапцаров“ сега се вика „Имри Елези“, а „Рајко Жинзифов“ е преименувано во „Исмаил Ќемали“.