Премиерот, Зоран Заев, на Фејсбук порача дека македонските власти и јавноста со загриженост ги следат вестите за големиот земјотрес во Албанија.

– Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи. Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите и се надеваме на брзо закрепнување од последиците – се наведува во објавата на Заев.

Премиерот, исто така напиша дека од утрово службите се во комуникација со институциите на Албанија и се подготвени да ја пружат сета неопходна помош и поддршка.

Албанија во раните утрински часови беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер, кој во земјата е најсилниот во последните три децении. Во портесот загинаа најмалку шест лица, повеќе од 300 се повредени и беа предизвикани големи материјални штети.