Премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук напиша дека им дал насока на министрите Оливер Спасовски и Насер Нуредини итно да ги повикаат сите надлежни инспектори на состанок во Владата поради загадувањето.

-Загадувањето на воздухот е огромен проблем за кој имаме обврска да ги ангажираме сите расположливи капацитети во општеството.
Изминатава недела се соочуваме со нови подметнати пожари кои дополнително ја отежнуваат ситуацијата. Затоа дадов насока на министрите Оливер Спасовски и Насер Нуредини итно да ги повикаат сите надлежни инспектори на состанок во Владата.
Очекувам да се засилат сите контроли и сите надлежни да бидат постојано на терен со цел да се откријат и соодветно казнат оние кои го загрозуваат нашето здравје – напиша Заев.