Фото: Маја Јаневска-Илиева

Премиерот Зоран Заев категорично отфрла каква било поврзаност со Бојан Јовановски, повикувајќи на темелна и независна истрага за аферата „Рекет“, во денешната објава на социјалната мрежа „Фејсбук“.

– Во најновиот објавен разговор некои од осомничените го спомнуваат и злоупотребуваат моето име. При тоа се изнесуваат лаги и бесмислици со цел едниот соговорник да ја зајакне својата позиција на моќ и авторитет пред другиот соговорник. Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот „Рекет” и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај – напиша Заев.