Премиерот Зоран Заев преку Фејсбук упати искрени и најсрдечни честитки за, како што вели, добивањето на најпрестижната награда, Нобеловата награда за мир, за премиерот на Етиопија, Аби Ахмед.

– Нобеловата награда за премиерот Аби Ахмед е заслужено признание за неговиот придонес за ставање крај на 20-годишната војна меѓу Етиопија и Еритреја и е инспирација за сите – вели во објавата македонскиот премиер.
Тој исто така нагласува дека е благодарен на добитничката на Нобеловата награда за мир, Уидед Бушамауи, која заедно со ФОН Универзитет ги номинирале со поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, за годинешната Нобелова награда за мир.

– Договорот од Преспа го создадовме како обврска кон нашите народи и како порив за трансформација на Балканот во извор на соработка и заедништво. Останува мојата и заложбата на Владата на Северна Македонија, со поглед напред, а не назад, за градење долготраен мир, стабилност и просперитет за граѓаните на нашата земја и за граѓаните од регионот – стои во пораката на Заев.