Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој најави дека следната недела ќе оди на состанок со директорот на Државниот завод за статистика, со цел да бидат утврдени соодветни термини.

-Првичните планови беа пописот да се одржи помеѓу први и 30 април. Може да се спроведе и во мај, но и наесен идната година. Да не прејудицираме, ќе разговарам со директорот – рече Заев.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вчера изјави дека април, поради изборите, е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира.