Премиерот Зоран Заев не очекува аболиција од претседателот Ѓорге Иванов за осудените за 27 април.

Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање истакна дека аболицијата од Иванов не ја очекува пред се, како што рече, бидејќи тоа не постои повеќе како законска можност.

-Со последното давање на аболицијата се потврди непостоењето на соодветните членови кои не постојат во законот за претседателот да го искористи тоа право, истакна Заев.

До кабинетот на претседателот Иванов во петокот попладнето пристигнало барање од дел од осудените во случајот „27 април“ за нивно аболирање.