Премиерот, Зоран Заев, попладнево одржа прес-конференција на платото пред Владата, откако претходно беше објавен извештајот од извршеното вештачење на траги од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово.

Премиерот не ги прифати оставките од министрите Венко Филипче и Илир Хасани, велејќи дека тие спасиле илјадници животи со нивниот досегашен ангажман, по што посочи, дека затоа им ја дава довербата.

„Нема причини да се лоцира за политичка или моралност одговорност кај министрите. За евентуалните грешки, ќе се произнесат надлежните органи“, нагласи Заев.

Премиерот истакна дека во наредниот период најважно е да се засилат контролите за да не се случат вакви несреќи во иднина.