Премиерот Зоран Заев се сретна со Андреас Шидер, пратеник во Европскиот парламент од Република Австрија.

На состанокот се поздравени политиките на дијалог и е констатирано дека е потребно сите политички субјекти да овозможат ефикасност на Парламентот со цел реализација на реформските процеси важни за европските интеграции, како и решавање на потребите на граѓаните во здравството, економијата и други важни области, се истакнува во соопштението од владиниот кабинет.

Премиерот Заев информирал дека Владата е силно посветена на владеењето на правото и на неселективна борба против криминалот и корупцијата, како и на почитување на еднаквоста во државата во сите сегменти од општественото живеење.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, изрази благодарност до Европскиот парламент, земјите членки на Европската Унија и до Република Австрија за поддршката што ѝ ја даваат на нашата држава во процесот на евроинтеграциските аспирации на Република Северна Македонија, велат од владиниот кабинет.