Премиерот Зоран Заев во Њујорк се сретна со премиерот на Белгија и иден претседател на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата Заев го запознал белгискиот премиер Мишел за актуелните активности на Владата поврзани со очекувањата на Европскиот Совет во октомври, Македонија да го добие датумот за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ.

– Двајцата премиери низ разговорот на средбата потврдија дека Македонија во последните две години направи исклучителен прогрес во остварувањето на реформските процеси дома, како и во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во членство во ЕУ, преку одличната соработка со европските институции – се вели во соопштението.

Мишел ги поздравил досегашните успеси на Македонија во процесот на остварување на европските интеграции и изрази надеж дека иницијативноста во таа насока ќе продолжи и во наредната фаза на преговори.