Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со претставници на Независниот синдикат на пожарникари, предводени од претседателот на Синдикатот, Тони Бошковски, во присуство на претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

На средбата е разговарано за актуелни прашања во врска со пожарникарската дејност и можностите за решавње на наследениот проблем со исплата на плати и нивелирањето на платите на пожарникарите, во различни општини, согласно законските регулативи.

Премиерот Заев им соопшти на пожарникарите дека се обезбедени финансиски средства за плати на сите пожарникари согласно закон, како овластени службени лица од областа на безбедноста и има зголемување на средствата за плати на пожарникарите за 70 милиони денари, за 2020 година.

На средбата е констатирана потребата од донесување подзаконски акти, правилници, за исплата на платите на пожарникарите, заради унифицираност на исплатата согласно законските прописи.

За таа цел, премиерот Заев најави работни средби со ресорната министреката за одбрана, Радмила Шекеринска и ЗЕЛС. На средбата е оценета како добар основ за утврдувањето трајно решение за прашањето.