Премиерот Зоран Заев одржа прес конференција во Владата на Република Македонија, каде ги повика граѓаните да гласаат на референдумот кој синоќа беше утврден во Собранието на РМ.

-Го имаме денот кој ќе ја осначи пресвртницата во нашата историја, денот кој е точка за одлуката за нашата иднина. На нас граѓаните, на секој од вас поединечно му е дадена шанса да донесе голема одлука. Секој од нас е должен да ја преземе својата одговорност, за својата иднина, а со тоа и за иднината на нашата земја. Вашиот глас е ваше право, Не доволувајте некој, било кој, да ви го одземе или да го злоупотреби тоа ваше право, рече премиерот Заев.

Заев ги повика граѓаните да покажат дека никој не може да ги поколеба да изберат, ги повика да гласаат, а нивната волја се обврза дека ќе ја почитува. Ќе го почитува исходот од демократскиот избор, без разлика на резултатот.

-Силно верувам во одлуката на нашите граѓании уверен сум дека татковината ќе ја биде, Македонија ќе стане членка на Еврпската унија и НАТО. А македонскиот народ вечно ќе биде македонски народ и вечно ќе зборува македонски јазик. Бидете и вие креатори на таа вечност- потенцираше Заев.

Премиерот Заев е убеден дека ќе успее референдумот, и покрај фактот што раководството на опозицијата сака да ја попречи и одложи нашата иднина.