Заврши средбата во Владата

Премиерот Зоран Заев и тројца вработени во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) размениле ставови на двете страни на средбата во Владата која траела околу еден час. По средбата немаше изјави за медиумите.

Вработените во ДПИ потпишаа и доставија петиција до Владата со која се бара да не биде разрешен нивниот директор Стојко Пауновски, кој одби да прими вработени рамковни административци во ДПИ.