Фото: Маја Јаневска-Илиева

Вметнувањето графа за етничката припадност во личните карти не е спротивна на преспанскиот договор ниту, пак, Грција има нешто против тоа, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за Законот за личните карти.

Премиерот потсети дека станува збор за предлог на политичката партија Беса и рече дека за ова барање бил даден збор уште 2018 година кога се носеле уставните измени. Вели дека етничката припадност никаде не е забранета.

– Аргументациите на Беса ги разгледавме јас и тимот и апсолутно е во корелација со преспанскиот договор. Важно е да се почитува до крај државјанството, каде што стои, македонско/граѓани на Република Северна Македонија – рече Заев.

Додаде дека етничкиот идентитет им е потврден и на Македонците со Преспанскиот договор како што е потврден и македонскиот јазик и апсолутно нема никакви загрозувања на нашите интереси дома.