Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.

На средбата, уште еднаш беше потврдена заложбата Република Северна Македонија годинава да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Заев истакна дека тоа за нашата земја е многу важно бидејќи ќе биде дополнителна мотивација државата да продолжи со спроведување на реформите во сите области, со забрзано темпо.

– Добивањето датум за граѓаните ќе биде потврда дека сѐ што направивме во изминативе 2 години вредело – истакна премиерот Заев на средбаta со еврокомесарот Хан.