Министерството за култура добива насоки од Владата за штетата што беше направена во МНТ од страна на навивачката група „Шверцери“, минатиот месец, објасни премиерот Зоран Заев, образложувајќи ја владината одлука за казнување на директорката на националната установа и надомест на штетата.

Согласно одлуката, министерот за култура ќе поведе дисциплинска мерка против директорката, која, како што рече Заев, имала само усна комукацијата со организаторите на настанот.

Во однос на надоместокот на штетата и до каде е санкционирањето на оние кои ја направија штетата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека по утврдување на материјалната штета ќе се поведат постапки или спогодбено, односно договорно, ќе се надомести таа штета или ќе си поведат граѓанска постапка за надомест на штета.