Зборувајќи за реформите што се преземаат во сите сфери пред почетокот на преговори со ЕУ во јуни 2019, премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања го повика Собранието да се одблокира законот за медиумите и законот за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиусмки услуги (ААВМУ).

– Апелирам час поскоро тое закони да се одблокираат. Затоа што самите закони предвидуваат двотретинско одлучување во делот на органите на управување – програмскиот совет, главен директор…, рече Заев, нагласувајќи дека треба многу да се работи на реформите, критериумите и стандардите.

Реформите во јавната администрација треба да ја департизираат и да доведат до нејзина поголема професионалност. За правосудството првата фаза е помината во Собранието и тој очекува втората фаза да биде заокружена наесен.

– Во тој втор исчекор треба сериозно да се зајакне одговорноста при носење судски или обвинителски одлуки, истакна премиерот.

Во однос на реформите во безбедноста Заев очекува овие денови да се постигне договор за директорот на Оперативно-техничката агенција-ОТА кој се гласа со две третини од пратениците.

– Тоа ќе биде прв чекор кон создавање независна институција која ќе се бори против организираниот криминал и корупцијата, додаде Заев.