Заврши пробниот попис на населението спроведен во тринаесетина општини во државата од страна на Државниот завод за статистика.

За време на пробниот попус одбиле да се попишат триенаесетина лица, а пописот поминал успешно и без поголеми проблеми. 

Официјалниот попис ќе започне во април, 2020 година, при што сите граѓани ќе мора задолжително да се попишат, а истиот се очекува да чини повеќе од осум и пол милиони евра.