Фото: Дарко Андоновски

До Државната изборна комисија преку веб-апликацијата www.dijaspora.sec.mk до вчера беа доставени7 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.
Од нив, 2.392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а преостанатите пријави се во обработка.

Најголем број пријави се за гласање во Берн – 256, Љубљана – 213, во Лондон – 127, во Торонто – 136, Виена – 108, Канбера 99 итн.​
Најмалку пријави за гласање се поднесени во Талин, Киев и Приштина – по една пријава, а во Њу Делхи, Каиро и Сараево – по две пријави.
Пријавувањето траеше до синоќа на полноќ.

Гласањето во странство ќе се спроведе в сабота, на 29 септември, во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија, во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

Од ДИК информираат и дека заклучно со завчерашниот ден, вкупно 4.959 граѓани извршиле увид во податоците во избирачкиот список. Најголем број граѓани увид извршиле во Струмица – 509​, Битола – 454, Карпош – 431.
Во периодот од почнувањето на јавниот увид се донесени и 19 решенија за запишување, 125 решенија за бришење и 24 решенија за промени на податоци во избирачкиот список.