Забрани за движење на тешки товарни возила има на Пресека, Стража, како и на патниот правец Маврово – Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Стража и Маврово.

Од 05:10 часот утринава е укината забраната за тешки товарни возила на на планинските премини Буково и Ѓавато, додека од 04:55 часот и забрнаат на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот премин Барбарос.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.