Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија Нина Цаца Биљановска пред два дена, присуствувала на секција на која учествувале над 50 дерматолози и одржала предавање во ресторанот „Рагуза“ во Скопје.

Колегите од клиниката се во паника, бидејќи на настанот, но и секојдневно на работа, таа била во постојан контакт со докторите и со пациенти што ги водела.

Во меѓувреме, клиниката е затворена, медицинскиот персонал е во изолација, а пациентите за кои е проценето, продолжуваат на домашно лекување.

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека е крајно разочаран од однесувањето на докторката, особено што постојано се упатуваа апели да се следат протоколите за лицата кои доаѓаат од држави каде што има голем број заразени од коронавирусот.