Како што информираат од еколошкото друштво „Натура Лаб“, жителите на Лабуништа утре во 15 часот ќе излезат на протест пред влезот на еден од каменоломите кои го обиколуваат селото.

– Ќе протестираме бидејќи не се до крај исполнети нашите барања од претходните протести, кон крајот на јули годинава. Ние бараме да се затворат сите пет, а засега се затворени само два каменолома. Со овој протест сакаме да ги предупредиуме надлежните декја нема да се смириме се додека не бидат целосно усвоени нашите барања, односно да ги затворат сите пет каменолома, кои ја загрозуваат нашата животна средина – ни изјави Алим Салоски, претседател на „Натура Лаб“.

Од еколошкото друштво најавуваат дека со протести ќе продолжат и наредните денови, а доколку не се реализираат нивните барања, тие се подготвени и за порадикални мерки.