Фото: Архива

Европската Унија одлучи да ја стави Македонија на списокот на земји кои се безбедни за патување, пренесуват европските новински агенции.

Покрај нашата држава, Европската комисија предложи и додавање на Србија, Албанија, САД, Хонгконг, Тајван, Макао, Саудиска Арабија и Либан на списокот на земји безбедни за патување.

На состанокот утрово во Брисел, амбасадорите на земјите-членки го поддржале ставот дека во овие земји има „задоволителна епидемиолошка состојба“, што им овозможува на нивните граѓани да патуваат во земјите-членки без ограничувања, пишуваат агенциите

Оваа проширена листа треба официјално да стапи на сила во петок, 18 јуни, пренесуваат медиумите.

Тие потсетуваат дека од 1 јули минатата година, поради избувнувањето на пандемијата од ковид-19, ЕУ воведе список на таканаречените безбедни трети земји на кои границите на ЕУ ќе останат отворени.

Досега на списокот се најдоа осум земји: Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.

Списокот се заснова на голем број епидемиолошки критериуми, вклучувајќи го и степенот на вакцинација, а со најновото ажурирање, вклучува 15 земји.