Воздухот во Куманово синоќа бил екстремно загаден и непријатна миризба се ширела во повеќе делови на градот. Во неколку наврати загадувањето било повисоко од дозволените гранични вредности, пренесуваат повеќе медиуми.

Во периодот по 18:00 часот биле измерени и над 1.000 ПМ честички.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, барајќи од властите засилени контроли и санкции против загадувачите.