Со 558 гласа „за“, 70 „против“ и 59 воздржани Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на известувачот за Македонија, Илхан Ќучук.

Извештајот ги поздравува напорите на Македонија во реформите за членство во ЕУ и ги охрабрува Скопје и Софија да изнајдат заемно прифатливо решение за спорот поради кој Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ и покрај исполнетите реформи.

Амандманот поднесен од страна на социјалдемократите и зелените, преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Македонија, не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и европските конзервативци.