Европратениците од Бугарија со едноминутно молчење изразија сочувство за жртвите во страотната автобуска несреќа пренесуваат бугарските медиуми.

Во соопштението тие изразуваат сочувство за автобуската несреќа која однесе 46 животи.

Минутата молк е одржана и за деветте жртви од пожарот во старечки дом кој се случил во Бугарија и во кој загинаа девет лица.

„Пратениците изразуваат искрено сочувство до семејствата и блиските на граѓаните на Бугарија и на Република Северна Македонија и им посакуваат брзо закрепнување на повредените жртви“, стои во соопштението на бугарските европратеници.