Фото: Игор Бансколиев

Д-р Наде Петановска и д-р Рина Љатифи Исаки од првата приватна болница ,,Ре-Медика”, денеска одржаа предавање за женското здравје. Настанот се одржа во просториите на ,,Олимпиа моторс”.

– Сите варијации кои жената ги има, може да влијаат за некакви промени на дојките. Со превентивните прегледи, со нова апаратура можеме да откриеме карциноми помали од еден сантиметар. Меродавен лекар за ова се се радиодијагностичарите. Информирајте се добро во каква установа ќе ги правите прегледите. За добар преглед, освен добар експерт потребена ни е и добра опрема. Мамографскиот апарат треба да е дигитален, современ – им порача д-р Петановска на присутните гости.

Д-р Љатифи Исаки рече дека еднаш годишно секоја жена мора да прави ПАП тест. 
 

– Ни доаѓаат млади девојки кои прават ПАП тест, и наидуваме на преканцерозни промени, и тоа кај млади до 30 години. Причина за тоа е ХПВ вирусот кој е сексуално пренослив. Фрапантни е бројката на жени кои не прават ПАП тест, кој е потполно безболна практика. Ако има присуство на ХПВ вирус, задолжително треба да се направи типизација. Редовните прегледи е неопходно да се прават редовно – рече д-р Љатифи Исаки. 

Олга Јованова, маркетинг менаџер во ,,Олимпиа моторс”, изјави дека ова не е единствен настан кој го организираат од ваков тип.

– Денес се одвива настан наменет за женското здравје. Целта е да се говори за тоа и за превенцијата, за да се покрене свеста кај жените, дека секој месец треба да се грижат за своето здравје, а не само месец октомври кога е месец на женското здравје. Нашата компанија работи долго време на општествена и социјална одговорност. Зборуваме за превенцијата од рак на дојка и тироидна жлезда, како и за превенција од рак на матката. Се надевам дека ќе имаме и други вакви настани. Годинава славиме 14 години постоење, па планираме уште вакви слични активности – рече Јованова.

А. П.