Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надѕор на битолската болница ЈЗУ КБ „Трифун Пановски“, по добиените сознанија дека на 1 јануари годинава, царски рез на родилка извршила сопругата на еден од двајцата доктори кои се суспендирани, а која не е вработена во болницата и е странски државјанин.

По констатираната фактичка состојба врз основа на увидот во евиденциите во областа на здравството, медицинската докуменатција за пациентката, изјави дадени од директорот на установата како и изјавите од здравствените работници кои биле инволвирани во случајот, но и превземените активности од раководството на болницата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го превземе следните мерки:

ДСЗИ соопшти дека до министерот за здравство ќе биде доставена информација за констатираната состојба и превземените мерки од ДСЗИ. ДСЗИ ПО Битола ќе издаде решение за забрана за вршење на здравстевена дејност во болницата односно забрана за давање на здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита. ДСЗИ ќе достви известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог докуметација обезбедена при надзорот за натамошно постапување.

При вонредниот инспекциски надзор, ДСЗИ ПО Битола констараше дека директорот на установата во врска со случајот, превземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против 9 лица вработени на Одделот за гиенкологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.