Владата издвои дополнителни 8 милиони евра за Пакетот 4 за поддршка во справувањето со последиците од корона-кризата.

Со овој најнов ковид-пакет се опфатени: 731 естраден уметник, со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари). Грантови од по 2.000 евра ќе добијат 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија. Субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од 6 месеци, ќе добијат приватните детски градинки, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата.

Финансиска помош е предвидена и за 12 дизајнерски ателјеата за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари. Грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто-плати до 21.776 денари);Грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари;

Пари се предвидени за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто-промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари; Субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од 21.776 денари месечно, за 2 месеци и за хонорарно ангажираните лица во овие организации.