Лозарската приказна за неисплатениот долг на лозарите од 2014, 2015 и 2016 година конечно денеска доби епилог. Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на бројните лозари на градскиот плоштад во Кавадарци им соопшти дека Владата на Република Македонија до крајот на февруари ќе ги исплати сите долгови на лозарите, почнувајќи од 2014 година, па сѐ до 2018 година, вклучувајќи ги и субвенциите за предадено грозје во регистрираните винарии.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги информираше лозарите дека во понеделник министерството ќе го изготви закон за обештетување на лозарите за предаденото грозје, а во четврток на посебна седница на Владата ќе биде донесен закон со кој ќе се овозможи исплата на повеќегодишниот долг спрема лозарите од страна на винариите. Со овој закон, според министерот Николовски, во иднина ќе се обезбеди трајна сигурност на производителите на грозје.

Мирјана Мукаетова