Државната изборна комисија известува дека тече постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година.

Заклучно со вчерашниот ден (3 септември) вкупно 11.788 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 46 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барања за бришење на податоците и 22 барања за измена на податоците.

Исто така, до Државната изборна комисија, на електронската пошта [email protected] се поднесени вкупно 36 барања.