Железната ограда околу Владата ќе се отстранува. Одлуката за нејзино отстранување, како што соопштува владината прес-служба, е донесена на денешната седница на Владата.

Целта, како што се додава во соопштението, е да се ослободи целосно јавниот простор околу Владата за да биде достапен за користење од страна на граѓаните.