Попладнево имаше појава на изолирана нестабилност во Велешко, Полошко, Скопско и сосема на југ во регионот на Кожуф и Кавадаречко. Попладнево особено во западните делови дува и засилен претежно западен ветер. Ќе продолжи појавата на изолирана нестабилност во нашиот регион, а краткотраен пороен дожд со грмежи ќе има и во првиот дел од ноќта. Ќе дува и умерен до засилен во западните делови претежно западен ветер.

Ќе биде малку посвежо особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град. Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7

Во Скопје, посвежо и променливо облачно, уште од претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Уште утре ќе има позначителна нестабилност проследена со засилен западен ветер претежно во западните делови од земјата. Во деновите потоа ќе биде претежно стабилно и за време на викендот ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност во планините.