Нестабилно време со пороен дожд и грмежи се очекува утре попладне во западните планински подрачја на државата. Претпладне ќе биде сончево и топло со максимална температура до 35 степени.

Локална нестабилност ќе има и во сабота околу пладне претежно во западните и североисточните делови.

Во недела и понеделник ќе биде стабилно и суво со температури до 36 степени. Нова дестабилизација на времето се очекува повторно во вторник кон среда.