Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, Катарина Ставриќ, од лични причини поднела оставка од функцијата за време на изборната кампања.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека деновиве ќе ја разгледаат оставката на директорката.

-Ќе разговараме да видам за што станува збор, дали ќе остане на таа идеја да се повлече или ќе сака и понатаму да продолжи да раководи со Клиниката. Доколку остане на идејата да се повлече, ќе разговараме со друг кандидат за директор, најави министерот.

Ставриќ беше назначена за директорка на Детската клиника во август 2017 година.