Преку нашите програми ние ги зајакнуваме позициите на жените во земјоделството, тие повеќе нема да бидат на маргините, истакна Трајан Димковски, член на ЦО и министер за земјоделство на трибината во Неготино.

3.000 евра неповратни средства за жените-земјоделки, значат мотивација и зајакнување на позицијата на жената во семејното земјоделско стопанство, порача Димковски.

Тој посочи дека на овој начин ги мотивираме жените во руралните средини да бидат храбри и да започнат свои агробизниси.

Токму преку мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој, којашто за првпат се воведува ги поттикнуваме жените-земјоделки да не бидат само дел, туку да се носители и креатори на домашната економија и развојот на руралните средини, истакна Димковски.