Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со помошникот на генералниот секретар на НАТО за справување со новите безбедносни предизвици, Антонио Мисироли.

На средбата, Димитров и Мисироли дискутираа за програмските активности на НАТО, Програмата-наука за мир и безбедност, која има за цел поддршка на научните истражувања, иновации и размена на знаења во земјите членки и земјите партнери на НАТО.

Во оваа прилика, беа презентирани можностите на Програмата, која меѓу другото обезбедува финансиски средства, стручни совети и поддршка за релевантни безбедносни активности, во промоција на цивилната и безбедносната практична соработка која заеднички се развива во рамките на оваа програма.

Помошниот на генералниот секретар престојува во посета на земјата по повод состанокот посветен на настанот за промоција на „Дигитализација на Системот за управување со кризи во Република Северна Македонија“, во организација на Центарот за управување со кризи и поддржан од програмата на НАТО – Наука за мир и Безбедност (СПС).