Во рамки на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на состанокот на Управниот совет на Заедницата на демократии. На состанокот, министерот го реафирмираше барањето на Владата за приклучување кон Управниот совет, во светло на демократскиот напредок на домашен план.

Зборувајќи за демократскиот пробив, тој посочи на континуираната посветеност на демократските вредности и подготвеноста за постојано подобрување. Подвлече дека приклучувањето на Република Македонија кон Управниот совет на Заедницата, како прва земја од Западен Балкан, ќе послужи како инспирација и позитивен пример за демократското придвижување во регионот.

Министерот за надворешни работи учествуваше и на работниот доручек на неформалната министерска мрежа за Меѓународниот кривичен суд.