Државната изборна комисија, известува дека со цел овозможување на целосно остварување на правата на сите граѓани/ки кои сакаат да даваат поддршка за некоја независна листа во постапката за собирање на потписи вработените во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија кои се сместени во простории каде нема услови за пристап на лица со попреченост, се задолжуваат да им овозможат на овие лица да го остварат ова право надвор од просторијата на ПО/Канцеларија пред објектот во кој се наоѓа канцеларијата на ДИК.

Од ДИК известуваат дека во подрачното одделение на ДИК во Карпош, пред влезната врата на објектот, е ставена пристапна рампа која ќе овозможи пристап во објектот.

Во текот на 2017 година ДИК во соработка со Здруженија за правата на лицата со попреченост направи проверка на објектите каде се лоцираат избирачките места и врз основа на истите беа изнесени податоци за пристапноста на истите. Во наредниот период, ДИК ќе направи дополнителни проверки за состојбата на објектите кои се користат за избори, со цел да се добијат податоци каде треба да бидат ставени на користење пристапните рампи со кои располага ДИК, но и да се утврди дали има потреба за набавка на дополнителни пристапни рампи, се посочува од оваа институција.

„Во однос на определувањето на објекти кои ќе се користат за избори, ДИК за секој изборен процес им се обраќа на единиците за локална самоуправа, при што сугерираме да се внимава определените објекти да овозможат целосен пристап за сите гласачи“, соопштија од ДИК.

Напомнуваме дека согласно член 25 став 1 од Изборниот законик, Собранието, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерство за
информатичко општество и администрација, Министерство за труд и социјална политика, Државниот завод за статистика и Службата за општи и заеднички работи на Владата и нивните подрачни единици како и општините и градот Скопје, се должни на органите за спроведување на изборите да им обезбедат технички, просторни и други услови за работа, се напоменува во соопштението од ДИК.